(Фото) Петриња вo pyшeвини пocлe зeмjoтpecoт: Мeштaнитe ce плaшaт дa ce вpaтaт вo cвoитe дoмoви, влaдee пaниka пo yлицитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во хрватска Петриња, која утрово беше погодена од силен земјотрес, има оштетени згради и граѓаните се плашат да се вратат дома, рече градоначалникот Даринко Думбовиќ.

“Луѓето се на улица, постои паника. Има објекти кои се толку оштетени што граѓаните се плашат да се вратат внатре.Ќе се обидеме да најдеме решение за сите луѓе кои нема да можат да се вратат во своите домови”, рече Думбовиќ.

Тој рече дека штетата не е мала и дека очекува помош од секој што може.

Тој додаде дека е најавено доаѓање на претседателот и премиерот, Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ.

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди северозападниот дел на Хрватска, со епицентар на 12 километри југозападно од Сисак, во близина на Петриња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This