(Фото) Поплавен новиот булевар во Бутел, под вода и неколку улици во Ченто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Краткотрајниот пороен дожд што го зафати Скопје предизвика хаос во главниот град. Реки од вода течат по улиците, а граѓаните како знаат и умеат се снаоѓаат за да стигнат дома.

Поплавен е новиот булевар во општина Бутел, кој го градеше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Исто така поплавени се и дел од улиците во Ченто.

Од град Скопје соопштија дека раткотрајното невреме попладнево го погоди скопскиот регион и предизвика мали штети во главниот град, а регистриран е прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром и прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби. Паднати се десетина дрвја и има неколку оштетени автомобили.
Град Скопје информира дека се проодни сите подвозници и дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.
-Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ на отстранување на проблеми со атмосферската канализација, се вели во соопштението

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This