(Фото) Пoлициcкa akциja во Чифлик и Ржаничино: Пpoнajдeнo opyжje и мyнициja, пpивeдeни двe лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, а врз основа на претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом и други простории во с.Ржаничино и с.Чифлик, скопско, кај С.Л.(57) и кај М.Л.(67), и двајцата од с.Чифлик.

При претресот кај М.Л. се пронајдени ловна пушка „штаер“ кал.7,9 мм и 75 куршуми калибар 7,9 мм., додека кај С.Л. се пронајдени 30 куршуми кал. 7,65×39 мм., една празна рамка за автоматска пушка и 6 патрони ловна муниција.

Лицата се лишени од слобода, а по комплетно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This