- Advertisement -
Откако денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филпче потврди дека во Македонија е регистриран првиот случај на новиот коронавирус, во некои од скопските маркети може да се забележи голем број на купувачи кои очигледно се подготвуваат за епидемија.
Нема брашно, масло, сапуни, влажни марамици, конзерви, тестенини, тоалетна хартија, зимница, средства за чистење. Дел од рафтовите се речиси празни како што се гледа на фотографијата споделена на социјалните мрежи.