(Фото) Сајкоски: “Македонци бeвмe во 1895, Македонци cмe и дeнec”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објави документ, според кој се докажува дека сме се декларирале како македонци уште во далечната 1895 година.

“Почитувани од самото формирање ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка партија во Република Македонија која се залагаше за влез во ЕУ и НАТО. До денес останавме доследни на оваа определба.

Но за неверување се некои понижувачки барања на Бугарија, исто за неверување се ставовите на некои домашни политичари и луѓе од власта. Чудно е како може човек да заборави од каде е, што е и кој е. Жално е да ги заборавиш зборовите на предците кои ти кажале кој си од кај и зошто си таков каков што си и дека Македонец си.

Но сега се наметнува прашањето, зошто дилема сега?

Кој ни кажува што сме: комисијата, бугарската влада, нашата влада или нашите предци. За предците јас сакам да приложам 1 документ за јавност од 1895 година.

Сакам на ваков начин да ги осознаам оние што се отргнале, но сакам да ги вратам оние кои се двоумат и да им кажам кој се кој биле и такви треба и да останат Македонци, каде и да се. Затоа го приложив овој документ за да го видат и бугарските политичари и македонската влада и комисијата за добро да внимаваат за што преговараат”, напиша Сајкоски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This