(Фото) Се пишала Ромка за да добие работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постот можете да го сфатите политички, националнистички, пристрасно, негативно, критички, додуше како и да го сфатите вие сте во право, пишува на фејсбук Еко Илјаз за своето искуство во начинот на вработување во државните институции. Ова е уште еден доказ како власта ги пополнува работните места, на кои се примаат сите, освен оние кои се компетентни и кои навистина ги исполнуваат условите предвидени во самите гласи, но и пример за очигледна дискриминација на ромското население.

Еко Илјаз, на својот фејсбук профил го сподели своето искуство, кое, знаејќи ја состојбата во нашата земја, сигурно не е единствено. Тој се пријавил на оглас за на агенцијата за администрација на огласот број 164/2020 во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје на работно место Самостоен референт – главен администратор (амбулантско лекување) – фактурист за амбулантско лекување, за кое било предвидено да се вработи лице од ромска националност.

„Се пријавив уредно на огласот и во I-та фаза добив 23,93 бодови а мојата конкурентка 17,49 бодови во моја корист, во втората II-та фаза јас добивам 30,25 бодови а мојата конкурентка 33,75 бодови, сеуште сум во блага предност пред мојата конкурентка од 2,94 бодови ама во III-та фаза од целата постапка наречено ИНТЕРВЈУ на кој што идам и кој што завршува за околу 7 минути а чекав подолго од 30-тина минути за да влезам поради Ковид процедурите и “СТРУЧНАТА КОМИСИЈА“ решила да ме бодува со следните бодови: Општи прашања 5 бодови, Прашања за општите компетенции 4 бодови, Прашања од посебните компетенции 4 бодови, Активно познавање на македонскиот јазик 2 бодови, Вкупно 15 бодови од можни 20 бодови. Мојата конкуретнка ги добива максималните 20 бодови и тоа: Општи прашања 6 бодови, Прашања за општите компетенции 6 бодови, Прашања од посебните компетенции 6 бодови, Активно познавање на македонскиот јазик 2 бодови, Вкупно 20 бодови од можни 20 бодови. За на крај во конечната ранг листа јас добивам 69,18 бодови а мојата “сонародничка Ромка“ Цојиќ Лилјана 71,24 бодови и со одлука да се вработи како припадник на ромската заедница“, појаснува тој.

Еко Илјаз, по неправедниот третман, и очигледната дисктиминација, одлучил правдата да ја бара преку жалба до надлежните органи.

„Значи ако сте во ситуација да се најдете во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје побарајте ја Лилјана таа е ромка и сигурно ќе ви излезе в пресрет“, пишува Илјаз.

Толку од балансерот, жално ама вистинито е во кое дереџе се наоѓаме, сите наши ромски политичари и преставници кои се дел од Владата, дај не дежурете на социјалните мрежи, работете нешто вистински, барајте и договорете како што треба за својот народ, пред нос ги губиме работните места предвидени за нашата заедница и кој знае кога следно во некоја институција според тој балансер ќе дојде работно место предвидено за вистински ром/ка.

Постот можете да го сфатите политички, националнистички, пристрасно, негативно, критички, додуше како и да го сфатите…

Posted by Eko Iljaz on Tuesday, December 22, 2020

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This