(Фото) Уништeнo мecтото на тетовско Кале каде пред неколку часа беше оддадена пoчит за бpaнителите од 2001 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спомен плочата не е оштетена затоа што веднаш по настанот токму поради превенција од Одборот ја подигнале и однеле на безбедно место.

-Оштетувањето го пријавив во полицијата. Оттаму ми рекоа дека ќе биде извршен увид на самото место. Ова е показател каков е нивниот соживот на дело, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

На ридот Балтепе на пладне беше откриена нова спомен плоча во чест на бранителите од Армијата и Полицијата за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 и за оние кои во тетовскиот регион ги дадоа животите во одбрана на државниот суверенитет.

По поставување на плочата беше оддадена почит со едноминутно молчење како и со положување на цвеќе, а одржана беше и помен панихида.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This