Времето на притисоци врз јавната администрација со цел да се обезбеди присуство на партиски настани е далеку од завршено.
На социјалните мрежи се појавија скриншоти од вибер група насловена „Центар за социјални работи – локални“, во неа извесна „Наташа“ која е потпишана дека е од Центар за социјални работи Скопје дава насоки на вработените во центарот за присуство на митингот на СДСМ во Карпош.
Наташа истанува дека присуството на митингот е задолжително освен за оние кои се болни од корона.
-Уште ли правите вакви сељачки работи… Отсуство на митинг дозволено само ако имате корона и сте на смртна постела, стои на објавата на Твитер.
Уште ли правите вакви сељачки работи… Отсуство на митинг дозволено само ако имате корона и сте на смртна постела… @InfomaxMk @ExpresMK @KurirMK @lider107_4fm @A1onmkd @PlusInfomk @dw_macedonian pic.twitter.com/MCpc7OR8Va
— Charles Boycott (@JohnnyParka) October 13, 2021