Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се јави по денешните случувања во Собранието на Македонија каде пропадна гласањето недоверба на Владата, чиј дел е и ДУИ.
На Фејсбук, приложувајќи ја фотографијата на која се гледа како пуши, Ахмети рече дека денеска триумфирал „свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. ” .
„Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности.
Денес преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина.
На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост.
Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик не може да има место во Македонија. Како што ви кажав, нема да се однесуваме со емоции или еуфорија“, напиша тој.