(Фото) Cимyлaциcкa вeжбa вo „Aџибaдeм Cиcтинa“: Спpaвyвaњe со зeмјoтpec и пoжap вo уcлoви на пaндeмијa со кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа симулациска вежба на тема “Згрижување и евакуација на болни, повредени, посетители и персонал на безбедно место, прва медицинска помош и противпожарна заштита при земјотрес во услови на пандемија со СОVID -19.“

Целта на вежбата беше да се провери нивото на обученост на персоналот за справување со последици од пожар и земјотрес, евакуација по настаната штета, како и подготвеноста за взаемното делување со останати надворешни субјекти од системот за заштита и спасување.

Вежбата беше успешно изведена, во согласност со стандардите за постапување во услови на вонредни состојбии и сите препорачани протоколи за превенција и заштита во услови на пандемија со коронавирусот во болнички услови, како и според упатството за постапка и делување со преземање на заштитини мерки со COVID-19 на републичките сили за заштита и спасување и тимовите за брз одговор, просторните сили за време на нивно ангажирање во услови на мир и вонредна состојба, обука, тренинг и вежби.

Целокупната вежба и евакуација на СОVID пациенти се изведе со соодветна заштитна облека, согласно стандардите за управување со лични мерки за заштита во услови на пандемија со COVID-19 за медицински лица (скафандери, заштитни маски, респиратор маски, заштитни капи, заштитни ракавици, заштитен визир и друго), како и лична заштитна опрема за немедицинските лица согласно стандардите на болницата.

Евакуираните пациенти со Ковид-19 беа сместени во посебен шатор (СИНА зона) на безбедно растојание од останатите шатори од тријажната зона, обезбеден со строго контролиран пристап.

„Вработените одговорија на предизвикот и можеме да потврдиме дека вежбата помина одлично. Ова е веќе осма година како спроведуваме симулациски вежби и благодарение на досегашното искуство потврдуваме дека опремата што ја имаме и обученоста на персоналот даваат гаранција за успешно справување при евентуално настаната вонредна состојба.

Годинава, вежбата е специфична и комплексна, по тоа што се изведува во услови на пандемија со коронавирус, што претставуваше уште еден предизвик при самата организација и реализација на вежбата. Внимававме на секоја поединост со цел да бидат запазени сите безбедносни мерки“ изјавија Милена Буџаровска, менаџер за квалитет и Марјанчо Јаневски, командир на единицата за заштита и спасување во „Аџибадем Систина“

Во вежбата беа вклучени над 150 вработени од болницата, а се спроведе со учество на екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и единица на противпожарната екипа на град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This