(Фото) Cooбpaќajнa нaпpaви „пoпapa“: Kaзнeти 448 вoзaчи зa бpзo вoзeњe, eднo лицe фaтeнo нa paдap co 214 км/ч

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 448 возачи.

-Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 82, а потоа на територија на СВР Куманово – 62, на територија на СВР Охрид – 57…, велат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This