(Фото) Heвидeн фeнoмeн во Петриње: 3eмjoтpecите пpeдизвикаа пojaвyвaњe нa oгpoмни дyпки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала вчера дополнително активираше многу одрони во Банија, а дупките што се појавија во земјата по секој земјотрес стануваат се поголеми.

Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на тие дупки, досега не им била позната на сеизмолозите.

– Нема пишани траги, па дури ни усни сознанија од нашите постари сеизмолози. За нас, ова е нешто ново, потенцираше Кук.

Тој додаде рече дека земјотресите во Банија се уште не престанале, но и дека сеизмичката активност е слаба, што е очекувано. Кук истакна дека потресите ќе траат со месеци, но ќе бидат послаби.

Професорот Бруно Томљеновиќ од Загребскиот факултет за рударство, геологија и нафтено инженерство истакна дека појавата на тие дупки може да се класифицира како феномен и дека не е вообичаено почвата да се однесува на овој начин по земјотрес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This