Изет Меџити, Муса Џафери, Садула Дураку и Блерим Беџети седнаа на заеднички ручек. Станува збор за „незадоволната четворка“ на ДУИ, за последниот состав на министри предложен од партијата, особено за Артан Груби и Бујар Османи.
Не е познато дали причината за заедничкиот ручек е токму ова незадоволство и дали разговарале за најавената интерпелација против Груби е Османи.
„Средба со сопартијците“ е единствениот коментар проследен со фотографија од средбата на градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, објавена на неговиот Фејсбук профил.
Извор: Лајм