(Фото) Heceкojднeвнa cитyaциja: Boзeл пиjaн и „ce зa6ил“ вo Миг-29

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несекојдневна сообраќајна несреќа во која Фолксваген налетал на борбен авион.

Алкохолот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи, а тоа го покажа и истрагата за оваа несреќа, каква веројатно никогаш порано не била забележана.

Тоа се случило во украинскиот град Василкив, недалеку од Киев, кога неименуван возач на неговиот „Фолксваген Туран“ удрил во борбениот авион МИГ-29, пренесува „Обозревател“. Работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека зад воланот бил инженер на втората ескадрила на воената единица и тој бил видно алкохолизиран.

Она што останува нејасно е каде точно инженерот успеал да удри во авионот. Се претпоставува дека тој возел на дел од пистата каде што нема МИГ-ови. Овој, наводно, бил влечен кон хангарот, но од непознати причини бил оставен на отворено и без соодветни ознаки. На крајот на краиштата, ова е секако добра лекција дека пијан не треба да се седнува зад воланот дури ниту на писта.

Објавата на Твитер може да ја погледнтете ТУКА.

Несреќата не беше воопшто банална. Судејќи според фотографиите, возачот возел со пристојна брзина, па не можел да запре кога го забележал авионот. Од силината на ударот авионот се запалил. Штетата, секако, е огромна и на Туранот, додека возачот излегол од несреќата само со посекотини и модринки. Засега, затоа што сега следува судење во кое тој ќе мора да објасни многу работи.
Украинското воено воздухопловство некое време останало без еден борбен авион, што е загуба од 4%. Имено, според популарната механика, украинското воено воздухопловство имало само 24. авиони МИГ-29 пред несреќата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This