(Фото) Mургашанска: Крововите во училиштата прокиснуваат, што треба да се случи, за да се реагира од страна на градоначалникот Димитриевски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани, Изминатиов период имавме денови со обилни дождови, кои за земјоделците можеби се значајни, но не и за учениците од централниот објект на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

Постојано ги слушаме владините проекти и реконструкции на училиштата од страна на градоначалникот Димитриевски и пак во прво лице еднина, а ниту еднаш не слушнавме дека изминатите денови во горенаведените училишта кровната конструкција протекува во повеќе училници, за што постојат фотографии, а сведоци се и самите ученици и вработени. Учениците до скоро следеа настава во мокри училници, а веќе истите и не се во функција поради опасност од струен удар. Во просториите има електрична инсталација, компјутерска опрема, телевизори, смарт табли и други помагала кои сигурно во такви услови повеќе и не се функционални.

Што треба да се случи, за да се реагира од страна на градоначалникот Димитриевски? Тоа е прашањето на кое треба да одговори. Она со што се справуваат учениците и вработените од општинските основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ е приоритетен проблем кој бара итно постапување, вели Атина Мургашанска- носителка на советничка листа од СДСМ и коалицијата во Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This