Франкфурт со безбедносна зона за деактивација на бомба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес, над 13 илјади луѓе беа евакуирани во Франкфурт за да биде деактивирна британска бомба од Втората светска војна тешка околу 500 килограми. Бомбата била пронајдена на градилиште во четвртокот и морало да биде спроведена евакуација во околината.

Локалната противпожарна единица соопшти дека големината и дизајнот на експлозивот може да создадат огромни штети и да бидат опасност за животот. Властите поставија зона за евакуација од 700 метри радиус околу областа.

Франкфурт бил редовно бомбардиран од сојузничките сили за време на Втората светска војна, која го уништи најголемиот средновековен град во Германија. Дури и 75 години по крајот на конфликтот, наоѓањето неексплодирани уредби е сè уште релативно честа појава.

Во Германија релативно често се случува да бидат пронајдени бомби заостанати од Втората светска војна. Последната, најголема бомба од овој период беше пронајдена во 2017 година, тешка 1,4 тони и тогаш беа евакуирани дури 65 илјади жители на градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This