ФРАНЦУСКИТЕ ВЛАСТИ СТРАВУВААТ ОД НОВИ ЖЕСТОКИ ПРОТЕСТИ НА „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“: Покачување на платите и зголемување на личниот доход, новите барања причина за нови протести во Франција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француските власти се подготвуваат за можни големи насилства в сабота за кога се најавени нови протести во Париз и во други градови во рамките на движењето „Жолти елеци“ од каде што засега не реагираат на повиците за смирување.

„Имаме причини да стравуваме од големи насилства“, предупредија синоќа од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Движењето „Жолти елеци“ кое почна да протестира пред три недели ги поздрави првите отстапки на владата, меѓу кои и намалување на даноците за бензините, но некои од лидерите реагираа дека веќе е прекасно за смирување на гневот на народот кој веќе има нови барања, меѓу кои и зголемување на минималниот личен доход. Во текот на изминатиот викенд беа забележани најголемите нереди во Франција по повеќе децении.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This