ФУНКЦИОНЕР НА СДС ОД ПРИЛЕП ПРЕГАЗИЛ ЖЕНА: Локалните шерифи од Прилеп заташкуваат тешка сообраќајка направена од функционер на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Читател од Прилеп до нашата редакција испрати потресно сведоштво за сообраќајна незгода која се случила минатата недела, во која според него учествувал и локален функционер на СДС

 

Писмото ви го пренесуваме во целост:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Да се обратам до вас со писмо одлучив затоа што последниве неколку дена имам немир во себе. Немир предизвикан од немила случка на која јас и неколкумина мои сограѓани бевме сведоци. А, немирот кој го чувствувам беше разгорен со тоа што слушав, читав за убиството на младиот фудбалер Мартин.
Сега да се навратам и на целта на ова писмо. На 30.10.2017 бев сведок на сообраќајка во која кола која возеше со прилично голема брзина удри жена која со нејзината пријателка си разговараше на тротоар на уличка во близина на Поликлиниката „Алтеа“ во Прилеп. Одкако удри во жената, шоферот не застана. Со чкрипење со гумите замина кога неколку комшии и поминувачи почнаа да викаат: Застанете го! Заради тоа што излезе на улица на која имаше многу раздвижени возила шоферот мораше да застане и излезе. Шоферот всушност беше шефот на кабинет (барем како што се зборува низ прилепската чаршија) на новиот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, Моника Талеска. Инаку, Моника Талеска е познат новинар, а во последно време и борец за човекови права. Учесник во шарената револуција. Новинар во Цивил и порталот Сакам да кажам. Ама најново, вдомена како и сите шарени во локалната самоуправа Прилеп. Но, тоа не е ни битно.
Од кога ја видов оваа сообраќајка редовно секој ден го проверувам билтенот на МВР. Ни трага, ни глас од оваа случка. А во сите овие денови жената која е удрена со колата лежела во Прилепската болница. Од тоа што се слуша од вработените во болницата, повредената жена е редовно посетувана од Моника Талеска, од градоначалникот Илија Јованоски и од неколку вработени во болницата во која до вчера беше директор токму Јованоски. Она што посебно иритира е што се кажува дека овие посетители вршат притисок на повредената да не презема никакви мерки против Талеска. На повредената наводно и се изгубени снимките и неколку дена не може никој да ги најде и не и даваат никакви документи.
П.С. Не само што возеше со голема брзина, ами и колата не и била регистрирана.
П.С. До кога луѓето кои се блиски до функционерите ќе се однесуваат насилнички и до кога за нив нема да важат закони како и за останатите граѓани на оваа држава? А уште повеќе иритира што ваквите луѓе немаат ништо човечно во себе. Доказ за тоа беше фотографијата која ја видов по порталите на која се гледаат виновниците пресреќни, во славење.

Се надевам ќе го објавите ова мое писмо.
Разочаран Прилепчанец

[/kopa_block_quote]

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This