ХАОС ВО ЗДРАВСТВОТО:Хронично-болни останаа без терапија, а потешки пацинети без приоритетен упат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Матичните лекари реагираат дека утрово бил блокиран системот за електронско закажување МојТермин и дека не можат да издадат ниту еден рецепт, ниту упат. Тие велат дека кога се обиделе да влезат во системот, тој не ги препознал нивните лозинки, иако шифрите не им се променети.

„Хаос е од сабајле. Системот покажува дека лозинките не ни се точни и воопшто не можеме да влеземе во него, иако не сме ги менувале. Сите пациенти што беа дојдени да им закажеме термин кај специјалист, пациентите што примаат хронична терапија моравме да ги вратиме дома. Им кажавме да ги остават книшките и кога ќе профункционира системот ќе им ги издадеме потребните документи. На пола саат ѕвонат и прашуваат дали профункционирал системот и цел ден е хаос“, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на здружението на матични лекари.

Таа вели дека официјално објаснување од Министерствто засега нема, освен што од канцеларијата која го води МојТермин им било кажано дека проблемот не е кај нив туку кај МАРнет, мрежата за регистрирање на интернет адреси.

„Не знам кај е проблемот,  не можеме да влеземе со лозинките. Промени на системот не смее да се прави во работен ден, оти сите матични лекари се без пристап, ниту пак во секундарно и терциерно здравство можат да прегледуваат и да ги внесат пациентите во систем, ниту пак аптеките да издаваат лекови. Вакво нешто не смее да се повторува“, вели Чолакова Дервишова.

Од Министерството за здравство велат дека според информациите што ги добиле од Управата за електронско здравство утрово не станува збор за промена на системот, туку за технички проблем со доменот zdravstvo.gov.mk.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This