ХАОС ВО СКОПЈЕ: Силно невреме го зафати главниот град – град, грмотевици и обилен дожд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силно невреме проследено со обилен дожд, град и грмотевици го зафати главниот град претпладнево и сѐ уште не покажува знаци на намалување на интензитетот, напротив се засилува

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од 24 до 32 степена, а УВ зрачењето седум.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, со температура од 18 до 29 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но оти условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Потоа, во првите два дена од следната недела, времето ќе биде претежно стабилно и топло.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This