ХАОС НА УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ: Пет лица тешко повредени, девет сообраќајки вчера во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца се полесно повредени во девет сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 59 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај тројца возачи под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и пет други.

МВР информира дека од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила, две технички неисправи возила, 16 со истечена важност на сообраќајната дозвола, 181 непрописно паркирани и 56 возила подигнати со пајак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This