ХАРАДИНАЈ Е ПИЈАНИЦА, НЕВЕРНИК И КРИМИНАЛЕЦ: Медиумите блиски до Ердоган го „распнаа“ Рамуш Харадинај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумите лојални на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја продолжуваат хајката против косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој го смени министерот за внатрешни работи и шефот на тајната служба поради апсењето и депоратацијата на шестмина Турци, претставувајќи го како човек кој пие алхохол, негира дека е муслима и прекумерно троши пари


Шестмината уапсени и депортирани турски државјани работеле како професори и менаџери на училишта и се припадници на движењето ФЕТО, со кое раководи верскиот лидер во егзил Фетулах Ѓулен.

„Иени Акит“ особено внимание обрнува на фактите дека косовските политичари своите деца ги образуваат во училишта кои припаѓаат на ова движење и наведуваат дека, освен синот на Харадинај, во овие училишта одат и децата на претседателот на парламентот Кадри Весели и министерот за економија Бесим Бекаја.

Весникиот, меѓутоа, не споменува дека во истото училиште минатата година заврши и синот на Хашим Тачи, претседателот на Косово.

Се напомеува дека Харадинај најжестоко се противел на апсењето на шестмината Турци, па затоа веднаш го сменил министерот за полиција и шефот на тајната служба.

„Иени Акит“ се осврнува на биографијата на Харадинај напоменувајќ дека, пред да дојде на Косово од Западот, бил телохранител во една дискотека, а потоа за време на војната еден од главните команданти на ОВК.

Се потсетува и на фактот дека бил и обвинет пред Хашкиот трибунал, каде е ослободен од обвинението дека вршел злосторства врз човештвото.

„Иени Акит“ тврди дека Харадинај на изборите никогаш не можел да освои повеќе од 10% од гласовите, иако, потсетува медиумот, уште во 2004. година успеал да стане премиер. Тој ентузијазам траел само четири месеци, се додава во тексто.

Сепак, пишува весникот, во септември 2017. година Харадинај повторно се најде на истиот пат.

„Овој пат изгледа го зафати лудило“, наведува весникот.

Дури и во парламентот го нарекуваат пијаница бидејќи пие алхохол и е познат како „скандал премиер“, пишува весникот.

Потсетуваат и на неодамнешниот одмор на Харадинај во Швајцарија, кога потрошил 68.000 евра, додека граѓаните на Косово живеат во сиромаштија.

„На прашањеот од каде му е куќата, Харадинај одговара дека му ја изградиле неговите воени другари“, се наведува во текстот и се додава дека косовскиот премиер има куќа која ја изнајмил на некои турски закупци за 6.000 евра месечно.

„Иени Акит“ се осврнува и на изјавата на Хараднија за религијата и потсетуваат дека во еден наврат рекол дека е роден како муслиман, но не знаел зошто, никогаш во животот не бил во џамија. Се напоменува и неговото отфрлање на Ердоган, кога рекол дека „нема братски турски лидер“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This