ХАРАДИНАЈ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА: Јас поднесов оставка како претседател на партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку месеци, Рамуш Харадинај поднесе оставка од функцијата премиер на Косово, а сега на функцијата претседател на Алијансата за иднината на Косово.

До изборот на новото раководство на Алијансата, Харадинај ќе ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на партијата.

„Јас поднесов оставка како претседател на партијата. Го сторив тоа на последното собрание што го одржавме. Јас ќе ја извршувам функцијата само до изборите (во партијата)“, рече тој.

Харадинај рече дека тие поставиле нови изборни критериуми во партијата на сите нивоа, кои вклучуваат и организирање пет одделни ограноци во Приштина, известува Косово он лајн.

„Имаме 100 противкандидати на изборите. Ако сите гласаат за себе, треба да одиме во вториот и можеби во третиот круг. Ние направивме многу храбри потези за овие избори“, рече Харадинај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This