ХАРАДИНАЈ СЕ ОБИДУВА ДА ЈА ЗАДРЖИ КОНТРОЛАТА: Повика на консензус за платформата за Белград!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај го отфрли предлогот на опозиционата ДСК за одложување на денешното заседание за законите и платформите за продолжување на дијалогот со Белград и повика на постигнување консензус.


Харадинај изјави дека ова е прилика да се задржи контролата над процесот и да се зачува Косово какво што е од 17 февруари 2008 година.

Тоа е датата на која Приштина еднострано прогласи независност на косовската територија.

Харадинај исто така рече дека никој не може да се го порекне значењето на денешната тема која е на дневен ред.

Пред пратениците се обрати и Даут Харадинај, братот на премиерот и негов заменик во Алијансата за иднина на Косово, кој застана во одбрана на Рамуш.

Тој додаде дека Косово никогаш и поставило услов на Србија продолжување за дијалогот и дека Алијансата ќе гласа за продолжување на дијалогот.

Поддршка на законот за платформа најави и највлијателната владеачка партија ДПК, додека пратениците на опозиционата ДСК и Движењето за самоопределување го напуштија парламентот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This