Харадинај: Bojнатa на УЧК беше неопходна и праведна вojна и беше нeизбежна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај кажа денес во Пеќ дека „војната на УЧК не беше само неопходна, туку и неизбежна“.
„Во спротивно, српскиот геноцид на Косово немаше да биде сопрен“, наведе тој.

Харадинај истакна дека тоа истовремено била и „праведна, одбранбена војна, која е позната и во меѓународното право“.

„Кога сте во опасност, мора да се браните, па тоа се случи и со нашата ослободителна војна, отстранувањето на окупацијата и сопирањето на српскиот геноцид на Косово“, додаде тој.

Оцени дека се неуспешни напорите на ослободителната војна да ѝ се додели друга димензија.

„Сите напори на борбата за ослободување на Косово да ѝ се даде друга димензија се неуспешни од почетокот и секогаш ќе пропаднат. Живи се оние кои можат да прават добри дела, но и да грешат, додека паднаа оние кои ни го трасираа патот“, заклучи Харадинај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This