ХОЛАНДИЈА УАПСИ ТУРСКА МИНИСТЕРКА: Вонредна состојба во Ротердам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холандските власти ја уапсија турската министерка за семејни работи и ја прогласија за „непосакуван странец“. Таа е во конзулатот додека да биде депортирана во Германија, јавуваат светските медиуми.

mkd-311572

Градоначалникот на Ротердам  прогласи вонредна состојба во обид да ги спречат протурските демонстрации пред конзулатот, кој се претвори во жариште на влошување на односите меѓу Холандија и Турција.

Градоначалникот Ахмед Абуталеб рече дека се потребни посебни овластувања за да се осигури безбедноста во центарот на градот, стравувајќи дека повеќе луѓе ќе се приклучат во демонстрациите и дека постои „сериозна загриженост“ дека може да следуваат немири.

При вонредна состојба за властите е полесно да ги држат луѓето далеку од дипломатските објекти како што е конзулатот.

Холандските власти ѝ рекле на турската министерка Фатма Бетул Сајан Каја дека треба да ги го фати „најкраткиот пат до Германија“, од каде што дошла во обид да влезе во конзулатот во Ротердам.

Претходно холандската полиција ја спречи министерката да влезе во конзулатот.

Холандската амбасада и конзулат во Турција се затворени од безбедносни причини, објави Ројтерс пренесувајќи извори од турското министерство за надворешни работи, а на социјалните мрежи се појавија и информации дека Турција уапсила неколку холандски дипломати..

Турското министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Анкара не сака „холандскиот амбасадор, кој во моментов е на одмор, одреден период да се врати на својата позиција“.

„Им беше објаснето на нашите колеги дека оваа тешка одлука донесена против Турција и холандската турска заедница ќе предизвика сериозни проблеми на дипломатски, политички, економски и други планови“, се вели во соопштението.

Овој потег уследи откако холандската влада му забрани на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу да слета во Ротердам за да држи митинзи за претстојниот референдум во Турција, на кој ќе се одлучи дали Реџеп Таип Ердоган ќе добие огромна моќ во земјата.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This