ХОЈТ ЈИ ГО ИМА ВИДЕНО ТРАМП САМО НА ТЕЛЕВИЗИЈА: Додека „длабоката држава“ е активна во САД, постои ризик Балканот да го почувствува мирисот на барутот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се додека американската надворешна политика на Балканот, но и пошироко, е во рацете на таканаречената американска „длабока држава“, попрво ќе го почувствуваме мирисот на барутот отколку мирот и стабилноста на ова поднебје

hojt_ji
Од промената на американската администрација и доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД поминаа речиси четири месеци, но сеуште не е јасно каква е неговата полтика кон Балканот, и дали воопшто ја има.

Дали Хојт Ји, кого го нарекуваат новиот „Јастреб на Трамп“ е задолжен за Балканот и ако е, дали во неговите изјави веќе може да се види каква е надворешната политика на американската администрација кон овој дел од светот?

Саша Адамовиќ, историчар и политички аналитичар, тврди дека Хојт не е претставник на администрацијата на Трам и дека сеуште треба да почекаме за да видиме каква ќе биде политиката на Трамп кон Балканот. Соговорникот за Спутник вели дека Трамп досега имаше други надворешнополитички приоритети и низа на проблеми кои требаше да ги реши во сопствениот двор.

„Суштината на неговата политика кон Балканот ќе биде во склад со неговите намери да ги нормализира односите со Русија. Нормализацијата на тие односи ќе биде добра и за нас (Балканот) бидејќи така политика би гарантирала мир и сигурност на Балканот“, истакнува Адамович.

Она што е проблем е тоа што, како што велат претставниците во Стејт Департментот од претходната администрација, што сеуште тие ги влечат конците, но и дека Трамп има намера да се „отараси“ од нив. Во тој контекст се очекува дури кога ќе биде воведен ред во Департманот, ќе може точно да се знае кого Трамп избрал да биде лице задолжено за Балканот, и кој навистина ќе ја застапува неговата политика на овие простори.

„Се додека американската надворешна политика на Балканот но и пошироко, е во рацете на таканаречената „длабока држава“ која очигледно има плиток памет, побрзо ќе го почувствуваме мирисот на барутот отколку да го почуствуваме мирот“, вели Адамовиќ.

Адамовиќ додава и дека треба да се биде внимателен, бидејќи Брајан Хојт Ји, како што вели е „заостанат човек“ од претходната поразена американска администрација и иронично додава:
„Можеби само во поминување го видел својот шеф државниот секретар Рекс Тилерсон, а Трамп можеби го видел на телевизија“.

Со посетите на Хојт Ји во Македонија и Меккејн во Србија (инаку опозиција на Трамп од Републиканската партија) се прави обид на т.н. длабока држава да се минираат обидите за она што е најважно во надворешната политика на администрацијата на Трамп, а тоа е подобрување на односите со Руската Федерација. Хојт е дел од истата приказна која има иста надворешнополитичка агенда за Балканот која беше застапена од претходната администрција во Вашингтон, а тоа е политиката на „линија на огнот“.

Инаку, Хојт Брајан Ли, претставник на Стејт департментот задолжен за Балкан во текот на мај веќе беше во Црна Гора, Албанија и Македонија. По неговата посета во Албанија, политичките партии постигнаа компромис за изборите, додека по посетата во Македонија, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов го ублажи „цврстиот“ став за мандатот.

Ќе го паметиме Хојт Ји и по изјавата дека Русија шири канцерогено влијание на Балканот.

А какво е неговото влијание? И во чие име го врши?

Бранкица Ристиќ
Спутник

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This