ХРАБАР ПОТЕГ: Род Стјуарт ги поканил сите поранешни сопруги на роденденската забава на ќерка му

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Музичарот Род Стјуарт (74) со својата сопруга го прославил 40-тиот роденден на нивната ќерка Кимберли. Сепак, тоа не го привлече вниманието на медиумите и корисниците на Инстаграм колку фотографиите од Род со четирите сопруги, трите поранешни и неговата сегашна сопруга.

Род Стјуарт со една фотографија покажа дека останал во пријателски услови со своите поранешни партнерки и дека неговата сопруга нема никаков пpоблем со нив.

Ќерката Кимберли ги угостила сите пријатели и бившите сопруги на Род Стјуарт.

Првиот брак Род го имал со Алана Хамилтон (од левата страна на фотографијата) кој траел од 1979. до 1984 година, таа е мајка на Кимберли и Шон.

Вториот брак на музичарот бил со манекенката Рејчел Хантер (десно на фотографијата), кој траел од 1990. до 2006 година, и заедно ги добиле Рене и Лијам.
Помеѓу неговиот прв и втор брак, тој добил дете со Кели Емберг, која стои помеѓу Рејчел и Рон.

Со водителката Пени Ланкастер (која стои десно од Род) добил два сина, Аластир и Ајден. Во среќен брак се од 2007 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This