Хрватска: Пожapниkapи сè уште го гacнат пожapoт во кој изгopea повеќе бpoдови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

рватските пожарникари сè уште се на терен и го гаснат пожарот кој синоќа избувна на пристаништето во Каштел Гомилица, јавуваат хрватските медиуми.

На терен се десетина пожарникари со три возила и брод. Пожарот опфатил пет бродови, а штетата, според првичните информации е огромна.

„Станува збор за големи површини од пластика. На терен пристигна и багер кој ќе се обиди да го отвори бродот за да може да се влезе и целосно да се изгасне огнот. Повредени нема. Ова е огромна штета, станува збор за милионска штета. Пет брода се целосно уништени, а беа зафатени и неколку други“,
изјавиле од Доброволното противпожарно здружение за ХРТ.

Пожарот како што пренесоа синоќа медиумите, избувнал вчера околу 20:15 часот на еден од бродовите, а потоа се проширил и на околните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This