ХУМАНИТАРНА ПРЕТСТАВА: Денес и утре ќе можете да помогнете во лекувањето на малиот Лука и да гледате претстава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Театар Крик“ денеска и утре напладне во Македонската опера и балет ќе изведе претстава за деца „Маша и нејзината волшебна приказна“ и собраните средства од влезниците ќе ги намени за лекување на двегодишниот Лука Јовановски во Турција.

Luka1

– „Маша и нејзината волшебна приказна“ е најновата претстава на „Театар Крик“ во која како наратор се појавува добро познатиот лик на децата – Маша од цртаните филмови. Претставата изобилува со голем број поуки, но и со многу комични ситуации, прилагодени на возраста на публиката. Во оваа претстава се користи интеракцијата со децата, како посебен и веќе проверен сценски израз, кој се покажа како одличен метод за одржување на вниманието кај децата-гледачи, соопшти театарот.

Во претствата, која ќе се одигра на Мала сцена на МОБ, играат актерите Мирјана Поповска-Ристов, Роберт Ристов и Сашо Ристовски.
Цената на билетот е 200 денари.

За лекувањето на малиот Лука во Истанбул се потребни 20.000 евра. Сметката на која може да се донира е: 380176980603113.

Малиот Лука Јовановски боледува од рак на окото ќе се лекува во странство, информираа од Фондот за здравствено осигурување, од каде што истакнаа дека лекувањето ќе биде во целост покриено.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This