Хaoc во Хрватска: Пожapи и поплави истовремено ја зафатија земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна синоќа грмотевици предизвикаа пожар на островот Брач, кој ​​сè уште не е ставен под контрола. Во текот на ноќта пожарот се проширил, а повеќе од 50 пожарникари не успеале да го локализираат.

Утрово во гаснењето се вклучија и два канадера, изјави командантот на Противпожарната оперативна зона Драган Мартиниќ.

Мартиниќ рече дека досега се изгорени околу 130 хектари борова шума и трева и дека најголем проблем е недостапниот терен, што им отежнува на пожарникарите да го гасат пожарот.

Тој изрази уверување дека со помош на канадерите пожарот ќе биде ставен под контрола во текот на денот. Синоќа избувна пожар и на островот Лавдара во архипелагот кај Задар, а околу 50 лица беа евакуирани.

Истовремено, пак во Бродско-посавската жупанија во Хрватска беснеат поплави каде што противпожарните екипи работат на извлекување на водата од домовите и зградите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This