Хpoничнo 6oлнитe нeмa пoтpeбa дa ce вakциниpaaт co кoмepциjaлнa вakцинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апсолутно нема потреба граѓаните или пациентите со хронична болест на кои им следува според критериумите бесплатна вакцина, да оди и да се вакцинира со комерцијална вакцина, рече во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Ние имавме одлична проценка за тоа колку пациенти треба да се вакцинираат и јасно укажувавме на тоа зошто се термините со подолг временски интервал за престој на пациентите во здравствените установи во смисла на тоа да нема чекање, да нема гужва, да нема концентрација. Дуплирани се сега термините и смените во повеќе градови, сега треба уште во некои градови во источниот дел на земјата да се достават денеска по новите дуплирани временски термини, рече Филипче.

Информира дека направиле анализа која укажува дека овој период бројот на заболени од сезонски грип е дупло помал во однос на истиот период лани.

– Направивме мала анализа, бројот на заболени од сезонски грип овој период споредбено со истиот период минатата година е дупло помал. Тоа е еден тренд кој се случува и во другите земји. Значајно намалување беше забележано и кај земјите од јужната хемисфера за време на тамошното лето, што е некој феномен кој допрва треба да се испитува и науката да одговори зошто е така во контекст на постоење на COVID-19, посочи Филипче. 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This