April 28, 2024, 12:35 am

Цвета бизнисот со дpoга: Прekуграничниот швepц на дpoгa удвоен за четири години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на случаи на прекуграничен шверц на дрога пријавени во Агенцијата на ЕУ за правна соработка (Евроџаст) е скоро двојно зголемен за четири години – на 562 во 2020 година, делумно како резултат на големото зголемување на производството на синтетички лекови, соопшти денеска агенцијата.

Во извештајот Евроџаст нагласува дека вредноста на шверцот на дрога само во Европската унија се проценува на 30 милијарди евра годишно. Брзиот пораст на производството на синтетички лекови како што се метамфетамини и нивната продажба на „даркнет“ е најголемиот предизвик за обвинителите во Европската унија.

Со брзото менување на составот на хемикалиите што се користат за овие лекови … или со создавање нови супстанции, производителите се обидуваат да ги искористат дупките во законите и да избегнат гонење, истакнува Евроџаст.

Според извештајот, вкупниот број на случаи на прекуграничен шверц на дрога е скоро двојно зголемен на 562 од 279 во периодот од 2016 до 2020 година. Во скоро третина од случаите станува збор за синтетички и друга нова дрога.

Евроџаст наведува дека производителите на нови психоактивни дроги често не работат во застарени хиерархиски организирани мрежи за шверц на лекови и продажбата и дистрибуцијата се одвиваат преку интернет.

Овој феномен се зголеми како резултат на пандемијата, бидејќи групите за организиран криминал брзо се приспособуваат на интернет-опкружувањето, користејќи обезбедени канали за комуникација, крипто телефони, криптовалути и пазари на даркнет.

Корисниците на дрога, исто така, се префрлаат на даркнет, плаќајќи преку интернет и примајќи дрога по пошта, со што се комплицира гонењето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This