Целосна изолација на Белорусија: ЕУ ќе зaбрани летање на белоруските авиокомпании во воздушниот простор на ЕУ и пристап до аеродромите на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како одговор на пресретнувањето на патнички авион од Белорусија, лидерите на ЕУ во побараа ослободување на опозицискиот активист Роман Проташевич и неговата придружничка Софија Сапега и повикаа на нови санкции против владата на Александар Лукашенко.

Во изјавата по дискусиите на самитот во Брисел, шефовите на држави и влади повикаа на санкции против поединци и институции. Тие исто така рекоа дека Советот на Европската унија ќе донесе мерки за забрана за летање на белоруските авиокомпании во воздушниот простор на ЕУ или пристап до аеродромите на ЕУ.

Изјавата на лидерите ефективно обезбедува брз, силен одговор на инцидентот во неделата, што неколкумина го нарекоа „киднапирање“ и „тероризам спонзориран од државата“.
Но, официјалната реакцина на ЕУ нема да биде позната се додека официјални лица, дипломати и адвокати не ги разработат во деталите за санкциите, кои мора да бидат подготвени за да издржат на правните предизвици.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This