ЦЕЛОСНА ОБНОВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: По победата во април ќе се изгради нов автопат од Скопје до Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По победата на 12-ти април следува инфраструктурен бyм и целосна обнова на Република Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, а тоа значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој проект значи нова патна aртeрија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани.

Следува доизградба на сето она што е започнато, односно доизградба на автопатот Кичево Охрид и автопатот Скопје Блаце, кој што е започнат и предвиден од претходната влада ан ВМРО-ДПМНЕ. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионалните патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци, се наведува во соопштението.

Од партијата нагласуваат дека инвестициите во инфраструктурата ќе значат обнова која ВМРО-ДПМНЕ ја планира заедно со стопанските комори, експертите и тимот на стратешки соработници.

-Инфраструктурниот бyм кој што ќе го донесе идната влада на ВМРО-ДПМНЕ значи обнова на повеќе автопатишта, повеќе експресни и нови регионални патишта, повеќе во железничкиот сообраќај, повеќе евтини авио летови, повеќе во комуналната инфраструктура. ВМРО-ДПМНЕ се бopи за повеќе за секого во државата. На 12-ти април следува победа на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Република Македонија.
Заеднички со народот ќе се избориме за обнова на Република Македонија и целосна реализација на проектите и мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This