ЦЕЛОСНО СЕ ИЗГУБЕНИ: СДСМ се нaјопacниот кластер на Ковид 19 во Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ се најопасниот кластер на Ковид 19 во Република Македонија, се вели во соопштението до медиумите на ВМРО0-ДПМНЕ.

СДСМ се целосно изгубени во справување со пандемијата во земјата. Тие се најопасниот кластер на Ковид 19, а за тоа е доказ и тоа што пола од нивното раководство се позитивни на овој вирус. Тоа е потврда дека СДСМ не ги почитуваат здравствените мерки, додаваат од пар1.тијата

Четири дена по ред имаме трицифрена бројка на новозаразени и за таа бројка се сите други виновни освен владата на СДСМ.
Без никаков срам Николовски им порачува на граѓаните да седат дома и да ги почитуваат мерките, а потоа се фали пред истите каде тој ужива.

СДСМ и Шилегов воведоа четиридневен карантин за скопјани, а тој ужива во својата викендичка во Маврово.

Овие три години откако се тие на власт освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не видоа ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот.Заев и СДСМ никогаш повеќе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This