ЦЕЛО ЛИСИЧЕ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ: Ивица Коневски и Коце Трајановски на средба со жителите на Долно Лисиче!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со скопскиот градоначалник Коце Трајановски, вечерва пред месната заедница во Долно Лисиче одржаа средба со жителите на оваа месна заедница.

 

На средбата се разговараше за големиот број реализирани проекти во тој дел на општината, како и за проектите планирани за идниот период, додека граѓаните ги изнесоа своите идеи, предлози и предизвици со кои се соочуваат во секојдневието.

Имено, изминатите неколку години во Долно Лисиче беше изградена целосна фекална канализација, која претходно не постоеше и на тој начин септичките јами беа пратени во историјата. Исто така, беа асфалтирани речиси сите улици и нивните краци, беа изградени тротоари и поставено јавно осветлување, целосно беше променета водоводната мрежа, изградена атмосферска канализација, а во меѓувреме се реконструира и прошири патот од Горно до Долно Лисиче.

Покрај инфраструктурата, во Долно Лисиче се изградени и две повеќенаменски спортски игралишта, детско игралиште и две зелени паркчиња со урбана опрема.

Градоначалникот Коневски им соопшти на граѓаните дека во претстојниот период се планира да се изгради спортска сала и детска градинка во Долно Лисиче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This