ЦЕЛА ФАМИЛИЈА, МАСОВНО НА ЕДНО МЕСТО: Катица ги зацврстува семејно – партиските односи преку масовно вработување на роднини и СДСМ-овци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само што си го вработила внукот, ќерката на Еско Рахиќ, Боки Бургија, Катерина Рамбабова (чија мајка беше на кандидатска листа на СДСМ), Ѓорѓи Камчев од Кавадарци (член на шарените), Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот суд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев – верувале или не

katica-janeva-top-tema-640x369

Роднинско-партиската испостава на СДСМ, наречена СЈО од ден на ден се повеќе ги зацврстува роднинските врски помеѓу сватови, тетки, стрини, внуци, пријатели кои врз грбот на граѓаните ги полнат сопствените конта, а во процесот на секој начин се обидуваат како безумни ботови да ја спроведат насилната агенда на „чадорот“ вршејќи упад во секој аспект на нормалното функционирање на државата, вклучително и подривање на националната безбедност.

Последен во низата, е и личниот шофер на Катица Јанева, Вили кој по некоја случајност го носи истото презиме како и неговата шефица – Јанев.

viktorija_janeva

Вили Јанев бил шофер во Основниот Суд во Гевгелија, а од неодамна е личен шофер на Катица Јанева. Сопругата на Вили Јанев е Викторија Јанева, која во 2013 година беше на листата за советници во општина Гевгелија од СДСМ, е во поново време е учесник на протестите на „Шарената револуција“.

Викторија, инаку ќерка на екс-началникот на УБК во Гевгелија Јане Ташковски е и локален функционер во партискиот огранок на СДСМ каде што претседател е Сашо Поцков кој пак и е сват на Катица Јанева. Двајцата се посватија на онаа легендарна свадба за која Катица сметаше дека е поважна отколку нејзината работа и процесуирањето на предметите за велепредавство.

jane_tashkov

На прашањата за роднинско-партиските врски од СЈО се исклучително алергични, на неретко се случува одговорите воопшто да не бидат доставени до новинарите, а кога се соочени со неизбежен одговор истиот е пренесен дрско и со исклучително арогантен однос.

Како што дознаваме, во моментов се очекува и вработување на сопругата на личниот шофер на Катица Јанева, Вили Јанев.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This