ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Пушки и пиштоли пронајдени во дом на штипјанец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во дом на штипјанец полицијата пронашла разно оружје и куршуми. Против него е поднесена кривична пријава, а судот му определи 30-дневен притвор.

Според информациите на МВР, на 03 јануари полициски службеници извршиле претрес во домот на М.Б.(45) на ул.„Антон Панов“ во Штип, при што пронашле и одзеле автоматска пушка „хеклер“, малокалибарска пушка непозната марка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“, револвер „гранд“, револвер „таурус“ и 1.119 парчиња куршуми од различен калибар.

Против него е поднесена кривична пријавa за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This