ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ УДИРА ПО НАЈСИРОМАШНИТЕ: Власта не се откажува од покачената акциза, ВМРО-ДПМНЕ бара укинување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покачувањето на акцизата на дизел горивата е директен удар врз најсиромашните, но власта не се откажува од неа иако и граѓаните и опозицијата бараат да се укине.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се укине акцизата на дизелот од 3,5 денари, но пратениците на СДСМ гласаа против.

Акцизата, и граѓаните и стопанството, според некои пресметки, ги чини над 40 милиони евра, што предизвика спирала на покачување на поголем број на производи.

По доаѓањето на власт на СДСМ, премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Драган Тевдовски ја донесоа мерката за зголемување на цената на дизелот со изговор дека тоа ќе направи дестимулација на возењето автомобили, но и оти дел од парите ќе одат во заштита на животната средина.

Сепак, единтвено што се постигна со оваа мерка е дополнително осиромашување на граѓаните.

Цената на дизелот од 46 се зголеми на 62 денари, што е нешто над 30 отсто.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека превозниците и транспортерите оваа акциза ги чини над 32 милиони евра, додека индустријата над 5 милиони евра.

– Според податок од ДЗС, во 2015 година, во Република Македонија имало регистрирано 163.038 дизел возила. Доколку таа бројка ја помножиме со 2400 денари, колку впрочем и го чини еден просечен граѓанин покачувањето на акцизата доаѓаме до бројка од 391 милион и 290  илјади денари, односно 6 милиони и 360 илјади евра годишно. Ова е само цената која ќе ја платат граѓаните, додека превозниците и транспортерите ќе ги чини над 32 милиони евра, а индустријата над 5 милиони евра. Самото покачување на акцизата влијаеше и на покачување  на автобуските и такси услуги, кои повторно се директно на удар на граѓаните. Трошокот кои директно ќе го платат граѓаните е над 40 милиони евра.  Индиректниот трошок многу поголем, рече Данев.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This