ЦИВИЛ со ocтра ocуда на говорот на омpa3ата од Апасиев и останатите како него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашната објава на Димитар Апасиев со експлицитен говор на омраза и вулгарности на социјалните мрежи на сметка на Радмила Шекеринска. Оваа објава е само уште една од бескрајната низа лаги, клевети, вулгарности, закани и говор на омразата упатени кон поединци и групи од различни заедници, организации и институции.

Крајно непримерното однесување на Апасиев и сличните на него е насочено кон активисти, новинари, експерти, политичари и други, а со својот потпалувачки говор поттикнуваат ширење на омраза по повеќе основи, што е спротивно на Кривичниот законик. Несфатливи се молкот на институциите и рамнодушноста на медиумите и јавноста. Апасиев и тие како него, со години уживаат во неказнивоста, но тоа мора да престане веднаш!

Апасиев не престанува со ширење говор на омраза, фашистички пораки, вулгарности и крајната злоупотреба на слободата на изразување. Со своето однесување, Апасиев веќе предизвикува сериозни сомнежи дека тој е непресметлив и не може да се контролира. Можеби е време да се испита неговата деловна способност, особено затоа што тој воедно е дел од наставниот кадар на штипскиот универзитет. Доста е! Однесувањето на Апасиев и таквите како него е неприфатливо и заслужува секаква осуда и санкции.

ЦИВИЛ континуирано опоменува дека говорот на омраза омразата поттикнува и дела од омраза, и во изминатиот период уште поактивно го следи девијантното однесување на одредени поединци и групи во политиката чие деструктивно дејствување е во подем. Во овој случај, се работи и за еден од пратениците во законодавниот дом!

Креаторите на содржини и пораки, поттикнувачите, дистрибутерите и поддржувачите на говорот на омразата ги поминаа сите граници! Оваа состојба во јавноста веќе не може да се толерира и да поминува неказнето.

ЦИВИЛ бара од сите релевантни институции како што е МВР и Јавното обвинителство итно да постапат соодветно на законските обврски за да ја спречат и санкционираат оваа појава која сѐ повеќе зема замав. Наставниот совет при ГДУ Штип и Министерството за образование, исто така, се повикани да постапат соодветно на своите ингеренции.

ЦИВИЛ ја повикува јавноста, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, да го отфрлат и осудат говорот на омразата и повиците за насилство во медиумите, социјалните мрежи и во јавните настапи.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This