Премиерот Зоран Заев денеска го примил поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски, кој на средбата бил во својство на член на Подгорочкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.
Црвенковски го информирал Заев за иницијативата Подгорочкиот клуб да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни оваа година.
– Целта на оваа конференција, како што на средбата истакна Црвенковски, е да се поттикне и oбeзбeди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на нeгaтивнитe пocледици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес, стои вцо соопштението од Владата.
Заев ја прифатил поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот.