Црна Гора – во овој случај нема да мора да ја платите сметката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за финансии објавило дека ширум Црна Гора се поставени рекламни материјали, а на туристите на влезот од државата им се делат летоци со информации дека не мора да платат услуги и производи за кои не добиле соодветна фискална сметка.

Корисниците на услуги во Црна Гора нема да мора да ги платат истите доколку претходно не добиле фискална сметка со QR код, изјавил црногорскиот министер за финансии Милојко Спајиќ.

„QR кодот на сметката е неопходен за потврда дека данокот е платен. Без него вие не сте обврзани да ја платите издадената сметка“, изјавил Спајиќ во изјава на почеток на кампањата во која неговото министерство сака да го поттикне плаќањето и пријавувањето на данок.

Министерството за финансии објавило и дека ширум Црна Гора се поставени рекламни материјали, а на туристите на самиот влез во државата им се даваат летоци со информации дека не мора да ги платат услугите и производите за кои не добиле таква фискална сметка.

Неправилностите и неиздавањето на фискални сметки може да се пријави во Управата за приходи и царина или на телефонскиот број 19707, како и по пат на порталот „budiodgovoran.me“.

Инаку, Спајиќ претходно изјавил дека се очекува овогодишната туристичка сезона да биде на ниво од 65 отсто во однос на 2019 година, но извештајот од Националната туристичка организација од минатата седмица покажува дека бројот на туристи во Црна Гора засега е ист како и во 2019 година, соопштило тамошното Министерство за финансии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This