ЦРНА ГОРА ПРОТЕРУВА СРПСКИ СВЕШТЕНИЦИ: Црна Гора планира да протера над 30 монаси и свештеници на СПЦ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црна Гора планира да протера над 30 монаси и свештеници на СПЦ, со нивните членови на семејства. Се работи за околу 50 граѓани кои работат во оваа држава, објави „Новости“.

Како што се наведува, под велот на прописите кои регулираат пријава за престој, официјална Подгорица ги затвора вратите за државјаните на Република Србија, кои според домашните закони не ги исполнуваат условите да живеат и да изврѓуваат верска служба во оваа држава. Во црногорско-приморската Митрополија порачуваат дека сите правни лекови не се исцрпени и дека борбата за статус се уште трае.

Проблемот со престојот на свештениците на СПЦ, кои не се родени во Црна Гора се појави во 2011 година, кога државната врата беше затворена за 80-на монаси, монахињи, свештеници на СПЦ и членови на нивните семејства.

Зад прописите кои регулираат траен, односно привремен престој во најмладата европска држава, тогаш провејувала официјална политика, која не ја прифаќала СПЦ како полноправна домашна верска заедница. Со аргумент дека во Црна Гора црквата создала држава и дека е природно постара од неа, Митрополијата се до денеска не е регистрирана пред државните органи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This