„ЦРНА СТРЕЛА“ Е ИГРАЧКА ВО СПОРЕДБА СО ОВА: Рускиот тежок снајпер ОСВ-96 сее страв во Јемен и во Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во борбите против својот непријател сириската армија, како и припадниците на јеменската Хуту-полиција од шиитското движење на отпорот „Ансар Алах’, мошне успешно го користат современото стрелечко оружје кое е произведено во Русија. Една од најпопуларните пушки кај борците-снајперисти, која таква оцена можеше да добие исклучиво врз основа на практична примена во борба, е тешката снајперска пушка ОСВ-96 „Взломшчик“ („Провалник“).


Во рацете на Хута, односно на борците од шиитското движење „Ансар Алах“, се најде големо количество различно оружје за време на заземањето на воените магацини и заплената од загинатите непријателски војници во борбите. Исто така, значителен број припадници на регуларната јеменска армија преминаа на страната на Хута, и секако со себе донесоа и големи количества оружје и муниција. Во вооружувањето на јеменската армија се наоѓаат и новите снајперски пушки ОСВ-96 „Взломшчик“ со калибар од 12.7х108 милиметри. Јемен пред војната за своите специјални единици и за составот на Републиканската гарда набави различни модели стрелечко оружје кои има мошне јака репутација на овие простори. Покрај тешката снајперска пушка ОСВ-96 „Взломшчик“, Јемен има набавено и митралези РПК-203, „Печнег“ и тешки митралези „Корд“.

Според мислењето на голем број руски воени експерти, снајперските пушки со голем дострел и со силен калибар, се идеални за каменито и суво подрачје како што е Јемен. Вешт снајперист кој притоа има изградено цврста и добро замаскирана огнена положба, без некакви поголеми проблеми може да запре комплетен стрелечки строј на непријателот кој се развил за напад. Особено кога се наоѓа во бројни низини и надолнини со кои изобилува Јемен. Благодарение на повеќегодишното борбено искуство, Хута организираа самостојна преработка, па дури и производство на тешки снајперски пушки. Поголемиот број од овие пушки се со калибар од 12.7 милиметри, но во нивните редови има и значителен број пушки со калибар од 14.5 милиметри.

Бројни извори од теренот зборуваат дека Хута во своите борбени дејствија користат снајперски пушки кои по својот калибар преминуваат од стрелечко во артилериско оружје. Па, така, имаме снајпери кои користат муниција со калибар од 23 милиметри, кои, според тврдењата на борците, можат да погодат мети на оддалеченост и до 5.000 метри.

„Взломшчик“ настанал од базичната верзија на снајперската пушка со голем калибар В-94 „Волга“ со калибар од 12.7 милиметри. Деведесет и четворката ја има минато фазата на тестирање и на основа на овие резултати е воочено дека постои голем простор за понатамошно унапредување. Во оваа смисла изработен е проект за нејзина длабока модернизација, а модернизираната пушка ја има добиено ознаката ОСВ-96. Паралелно со тоа се работеше на понатамошно усовршување на муницијата со калибар од 12.7х108 милиметри. Имено, специјалните единици кои ја имаат употребувано оваа пушка укажаа на тоа дека стандардните видови муниција немаат некој висока прецизност кога се гаѓаат мети кои се оддалечени над 1.500 метри. Во согласност со овие барања развиен е снајперски куршум кој е наменет за употреба на далекудострелните снајперски пушки ОСВ-96.

Покрај Јемен, оваа пушка мошне ефикасно се употребува и на подрачјето на Сирија каде со ова оружје пред сè се вооружени специјалните единици на сириските безбедносни сили. Борците кои имале чест да ја „должат“ оваа пушка, во голема мера ја ценат нејзината прецизност и она што е особено истакнато, нејзината исклучителна сигурност. Оваа пушка е практично неуништлива и лесно поднесува мошне валкани услови на експлоатација, без да загуби од својата ефикасност. Особено се истакнува нејзината употребливост за време на уличните борби, кога треба да се неутрализираат непријателските утврдени точки и снајперските гнезда. Имено, куршумот со калибар од 12.7 милиметри што го испукува оваа пушка, како од шега ги пробиваше носечките ѕидови на куќите на оддалеченост и до 1.000 метри, а исто така уништуваа и жива сила која во тој момент се нашла на тоа место. На отворен простор се регистрирани погодоци на оддалеченост и до 1.800 метри. Пушката е опремена и со ноќен нишански уред кој обезбедува дејствија и во ограничени оптички услови. Се полни со рамка од пет куршуми, а борбеното темпо а огнот е ограничено на 10 куршуми. Тежината на пушката без оптика изнесува 11.7 килограми.

Извор
RussiaBeyond

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This