Честитка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски по повод „Св. Кирил и Методиј“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до македонските граѓани по повод 24 мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

98877450-121715

– Почитувани граѓани, треба да бидеме бескрајно среќни и горди како народ, бидејќи Светите браќа Кирил и Методиј, кои од страна на неговата светост, Папата Јован Павле Втори се прогласени за заштитници на Европа, не вбројуваат меѓу народите кои дале огромен придонес кон  светската наука и култура. Светите браќа Кирил и Методиј ни покажаа дека човековатаволја, добродетел, љубов и желба за творење можат да бидат бескрајни и да создаваат работи надвор од имагинацијата на времето и просторот во кој живееме, стои во честитката.

Како што наведува Груевски, Кирил и Методиј со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време, спротиставувајќи се на дотогаш ограниченото сфаќање дека знаењето и науката треба да се пренесуваат на само неколку тогашни јазици, ја проширија писменоста во дотогаш невидени размери и простори и допринесоа за унапредување на науката во целост.

– Нека Бог ни помогне и даде мудрост да го водиме и создаваме општеството според вредностите кои тие ни ги оставија, да бидеме мудри, взаемно да се почитуваме и да твориме во полза на општото добро, се додава во честитката.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This