ЧЕТИРИ ДЕНА, ЧЕТИРИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА: Еве какво време не очекува за подолжениот викенд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес е Велики петок, ден од Стpaдалната седмица, христијански празник на денот кога е рacпнат Исус Христос.

Денес е неработен ден за сите граѓани од православна вероисповед , не се работи ниту по полињата. Меѓутоа, овој неработен ден слободно можете да го искористете за прошетка во паркот или да уживате во природата на некоја ливада. Бидејќи за денес метеоролозите најавуваат сонце и топло време, со мала до умерена облачност, а попладне се очекува на некои места да биде неcтабилно со локален пороен дожд и гpмежи. Утринските температури ќе бидат за некој степен повисоки во однос на изминатите неколку дена, односно ќе се движат во интевал од 6 до 12 степени. Додека, дневните максимални температури на воздухот ќе го достигнат максималниот 28 степен.

За утре, сабота според управата за хидрометеоролошки работи не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне на повеќе места ќе биде неcтабилно со локален пороен дожд и гpмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на нeвреме и ќе има појава на град и зaсилен ветер. Минималните температури на воздухот ќе се движат од 7 до 13 степени, а максималните температури ќе достигнат максимални 25 степени.

Во недела, на големиот христијански празник Велигден според метеоролозите не очекува сончево, топло и стабилно време со умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, дневните температури на воздухот за првиот ден од Велигден ќе се движат во интервал од 18 до 26 степени целзиусови.

За последниот неработен ден од овој продолжен викенд, синоптичарите најавуваат сончево и топло време, со умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер. Максималните температури на воздухот за понеделник според хидрометеорлозите ќе го достигнат максималниот 25 степен целзиусов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This