ЧЕТИРИ ЕФЕКТИВНИ НАЧИНИ: Спасете се од луѓе кои многу зборуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некои луѓе имаат огромна потреба да ви ги кажат сите детали од нивниот живот или нешто што им се случило тој ден. Не е пpoблeм кога ова ретко се случува, но ако не можете да дојдете до збор од овие луѓе, време е да направите нешто.

Не е лесно да се справите со луѓе кои ве замараат со нивните приказни, но постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат.

– Не им дозволувајте да ја променат темата
Знаете како се одвива ова – моноголот на вашиот соговорник оди во една насока, а потоа тој започнува да прави дигресии и на крајот ја завршува приказната со нешто што нема никаква врска со почетната тема на разговорот.

Кога ќе приметите дека се одалечува од темата, прекинете го вашиот соговорник и поставете му прашања што ќе му го одвлечат вниманието.

– Возвратете им на ист начин
Многу луѓе мислат дека се поинтересни отколку што се, и не забележуваат дека се здодевни. Ако вашиот соговорник ве измачува со долг монолог, наш предлог е да возвратите.

Можеби тогаш ќе разбере како се чувствуваат другите кога го слушаат и ќе го промени своето однесување. Вреди да се проба.

– Известете ги дека немате време
Овој метод не функционира ако веќе имате договорен состанок и ако вашиот соговорник знае дека сте издвоиле време да се дружите со него.

Од друга страна, кога ќе го сретнете на улица или кога ќе ви се јави, нема ништо полесно од тоа да му кажете дека брзате и љубезно да го завршите разговорот.

– Изразете незадоволство со говор на тeлo
Некои луѓе лесно можат невербално да го покажат своето незадоволство, додека истото им е потешко на другите. За да сигнализирате здодевност со говорот на тeлoтo, треба само да дишите малку погласно, да имате сериозен израз на лицeтo и да реагирате без ентузијазам на зборовите на вашиот соговорник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This