Чистка и во ДОМ: Разpeшени потпретседателите Петровска и Богдановски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес Централниот одбор на ДОМ одржа седница со физичко присуство, на која ја разгледа нелигитимната иницијатива за одржување вонреден конгрес на партијата.

Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци.

Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласаа недоверба кон Ана Петровска и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ.

Наместо да се прифати демократската иницијатива за Вонреден конгрес и демократизација на партијата, претседателката на ДОМ со малцински број на поединци, членови на ЦО и само 5-6 општински организации, преминаа кон разрешување на функционери од партијата на нестатутарен и незаконски начин, информираат од Иницијативниот одбор од ДОМ, по денешната седница на Централниот одбор.

Од иницијативата, пак, објаснуваат дека побарале свикување на Вонреден конгрес поради фактот што на партијата и биле потребни промени во начинот на организирање и функционирање, како и воведување групно претседавање преку ко-претседатели, со цел, како што велат, да се воведат позитивните демократски практики од Европските Зелени.

Иницијативата имаше обезбедена поддршка со собрани потписи на повеќе од половина членови од Централниот одбор на ДОМ, вклучително и тројца потпретседатели на партијата и на повеќе од 2/3 на општинските организации на ДОМ што е многу повеќе од потребните услови согласно Статутот, се наведува во соопштението на Одборот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This