ЧЛЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ЖИРИ ГО ВОЗВРАТИ УДАPОТ НА КОПРОВ: Чичко Копров кога ти давав пари ми викаше „Пиле мое“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера познатиот композитор и аранжер, Григор Копров, на својот профил на социјалните мрежи ги нападна членовите на македонското жири за избор на песна на Евровизија, нарекувајќи ги тотални анонимуси.

– Лично чувствувам потреба да им се извинам на колегите и на братска Србија. Затоа што во 2007 година, на изборот во Хелсинки кога имав песна со Каролина Гочева композицијата „Мојот свет” во нашата делегација немаше режисер, а требаше.

Сите проби од визуелен аспект беа катастрофални, затоа што никој од нас присутните не знаевме стручно да кажеме што не е добро. Да напоменам дека во полуфиналето имаше 27 држави, и тоа беше во историјата на Евровизија најтешко полуфинале, затоа што 17 држави отпаѓаа.

Да кажам дека македонската и српската делегација беа во ист хотел, и за голема среќа во нивната делегација беше и режисерот Дарко Камарит, кој е мој личен пријател.

Бидејќи пробите беа при крај, незадоволството беше големо, затоа што визуелниот ТВ настап на Каролина беше катастрофален и очигледно дека со таков настап нема финале.

Јас во таа ситуација бев во очај. Го повикав на кафе Дарко Камарит и му се обратив со овие зборови:

-Дарко, од ова што го барам од тебе апсолутно не зависи нашето пријателјство. Имено, нашиот режисер, од за мене непознати причини не допатува и нашиот настап е лош. Те молам ако е можно да дојдеш и да помогнеш да се реши визуелно она што ние не знаеме објективно да им појасниме на луѓето во режија. Имам во предвид дека ти не си овде приватно и дека претставуваш друга земја, така да, од оваа твоја одлука не зависи нашето пријателство.

Дарко без никакво двоумење рече -Да, дојде и им објасни во режија што треба да се корегира. Имавме фантастичен настап и влеговме во финале.

Ја користам приликата уште еднаш јавно да му се заблагодарам, како него лично, така и на српската делегација. Прашање до сите кои ќе го прочитаат ова: Како ќе постапевме ние во обратна ситуација?

Жири комисија на ваква голема меѓународна манифестација се составува од најеминентните автори, како што впрочем го прават сите други држави, а не анонимуси, како што беше во нашиот случај – порача композиторот.

Ја користам приликата уште еднаш јавно да му се заблагодарам, како него лично, така и на српската делегација. Прашање до сите кои ќе го прочитаат ова: Како ќе постапевме ние во обратна ситуација?

Жири комисија на ваква голема меѓународна манифестација се составува од најеминентните автори, како што впрочем го прават сите други држави, а не анонимуси, како што беше во нашиот случај – порача композиторот.

Оваа полемика на социјалните мрежи се разви по гласањето во саботата вечер, кога Србија нас ни даде дванаесет поени, а ние ним ниту еден. Во коментар под постот на Копров, Роберт Вукелиќ напиша:

„Колку е жално кога ќе си плукнеме на своето и не си цениме. А да ве прашам чичко Копров кога ви беа плаќани песните по 2000 евра од мене или спонзорите додека пеев тогаш ми викаше ‘Пиле мое’ па ти си прекрасен ќе бидеш најдобар, а сега кога не е некој на естрадата присутен станува одма анонимус.

Постари сте имам почит ,но нека не ве правaт среќни само парите кога ќе ги видете, него и секој збор изговорен да ви биде од срце а не само кога е во прашање пари и тогаш да сте слаткоречлив со ‘Пиле Пиле – дете мое’ . Жалосно е што сме лицемерни и без љубов.“

Македонското жири беше во следниот состав: Сузана Стефановска (музички уредник), Фјола Исмаили (музичар), Роберт Вукелиќ (пејач), Христина Мицковска (радио диџеј) и Ристо Апостолов (музичар).

Дванаесетте поени ги доделило на Италија, десет на Австралија и осум на Албанија.
На телевоутингот Србите од нас добиле десет поени. Нашата претставничка Тамара доби 12 поени од Србија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This